Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба побара од светот да одговори на „масакрот“ што се случи во Буча, во близина на Киев.
– Русите сакаат да елиминираат што повеќе Украинци – напиша Кулеба на Твитер.
Bucha massacre was deliberate. Russians aim to eliminate as many Ukrainians as they can. We must stop them and kick them out. I demand new devastating G7 sanctions NOW:
-Oil, gas, coal embargo
-Close all ports to Russian vessels and goods
-Disconnect all Russian banks from SWIFT pic.twitter.com/oZkCAETCQp— Dmytro Kuleba (@DmytroKuleba) April 3, 2022
Тој ја повика групата Г7 да воведе санкции кон Русија како одговор на злосторството. Говорејќи за Тајмс радио, Кулеба рече дека руските војници егзекутирале цивили додека се повлекувале од регионите „од бес и само затоа што сакале да убијат“.
– Убиваа цивили додека си заминуваа, се повлекуваа, од бес и само затоа што сакаа да убијат. Немаше добра причина за нив. Тие не беа герилци, не беа луѓе што им се спротивставија. Русија е полоша од ИСИС, точка – рече Кулеба.