Курц: Не е правилно што повеќе вакцини развиени во ЕУ се подостапни за земјите надвор од Унијата

пред 4 години

Австрискиот канцелар Себастијан Курц вели дека неговата земја не смее да биде член од втора класа во ЕУ кога станува збор за вакцинација против коронавирус.

Во австрискиот парламент Курц објави дека ќе побара нова поделба односно фер дистрибуција на вакцините, на претстојниот Самит на ЕУ.

Тој посочи дека масовните разлики во поделбата на вакцините се предизвикани од промената на договореното решение за дистрибуција на вакцините според бројот на жители, врз основа на што, на пример, Малта добила трипати повеќе вакцини од Бугарија.

Курц смета дека е потребно да се направат промени, односно да се воведе механизам што би ја решил оваа неправда.

Тој пренесе дека многу шефови на држави и влади не биле свесни дека има нефер поделба на вакцини.

Курц рече дека уште поголем раздор во ЕУ во врска со поделбата на вакцините не би бил добар.

Во исто време, тој рече дека не е правилно што повеќе вакцини развиени во ЕУ во моментов се подостапни за земјите надвор од Унијата, како што се Велика Британија, САД, Чиле или Израел.

Share
Scroll to Top