Лавров: Западот поткопува сè во врска со Русија и православието

пред 2 години

Западот, на чело со САД почна намерно да уништува сè што е поврзано со Русија и православното христијанство, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Тој на комеморативен собир, посветен на 140-годишнината од Царското православно палестинско друштво, истакна дека во последните неколку години на иницијатива на Американците, кои, како што рече, активно манипулирале со Цариградскиот патријарх, е заземен курс кон уништување на православното христијанство.

„Воспоставена е квази структура наречена Православна црква на Украина, која е дело на оние кои се обидуваат да ги распарчат Сириската православна црква и Српската православна црква“, рече Лавров.

Share
Scroll to Top