Лавров и се заблагодари на Индија за „објективниот став кон Украина“

пред 3 години

Русија ја цени објективната позиција на Индија за ситуацијата со Украина, изјави денеска во Њу Делхи рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

Тој оцени дека Западот би сакал сите важни меѓународни прашања да се сведат на кризата во Украина, пренесува РИА Новости.

– Ја знаете нашата позиција. Ништо не криеме и оценуваме дека Индија на оваа ситуација гледа од различни агли, а не еднострано – рече Лавров на почетокот на средбата со индискиот колега Субраманџам Џаишанкар.

Share
Scroll to Top