НАТО не може да се смета за одбранбен сојуз, со оглед на воените операции што ги спроведе во Југославија, Либија и Авганистан, соопшти министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров.
Toj за „Први канал“ оценувa дека не е јасно каков придонес даваат Црна Гора и Македонија за Алијансата, со оглед на нивните воени и воено-технички ресурси, пренесе „Спутник“.
„ За тоа се работи. Тие немаат едноставно право да поканат кого сакаат. Мора да погледнат до кој степен тоа придонесува за безбедноста на самата Алијанса. Примија земји со чии народи имаме добри односи – Македонија и Црна Гора“, вели Лавров.
Шефот на руската дипломатија посочи дека по завршувањето на Студената војна, НАТО во суштина престанала да биде одбранбен сојуз.
„ Тоа тешко може да се нарече одбранбено. Не смееме да заборавиме дека тие ја бомбардираа Југославија речиси три месеци, ја нападнаа Либија со кршење на резолуцијата на Советот за безбедност, како и на тоа како се однесуваа во Авганистан“, рече Лавров.