Лавров пристигна во првата посета на Кина од почетокот на руската инвазија на Украина

пред 3 години

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров пристигна во Кина, што е негова прва посета на земјата откако Русија ја започна инвазијата на Украина на 24 февруари.

Лавров слета во Хуангшан, град во источна Кина, соопшти руското Министерство за надворешни работи.

Шефот на руската дипломатија според најавите треба да има неколку средби во Кина, а се наведува дека главна тема е начинот на кој Русија и Кина можат да му помогнат на Авганистан.

На состаноците треба да присуствуваат и дипломати од САД и Авганистан.

Share
Scroll to Top