Русија нема намера да се предлага како посредник во преговорите меѓу талибанците и другите политички сили во Авганистан, рече рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров.
„ Долго ги повикувавме талибанците и другите етнички политички групи во Авганистан да преговараат за создавање инклузивна преодна влада. Во моментов, не планираме да бидеме посредник во таквите преговори“, рече Лавров.
Рускиот функционер посочи дека сите се заинтересирани талибанците и другите етнички и политички актери во Авганистан да постигнат едногласност во врска со пораките што ги испраќаат до западните земји, Кина и земјите од Централна Азија.
Што се однесува до отпорот во долината Паншир, Лавров додаде дека посебна улога му припаѓа на рускиот сојузник Таџикистан.
„ Во долината Паншир, таџикистанците од Авганистан преговараат со централната талибанска влада. Се надевам дека овие преговори ќе доведат до решение и нема да бидат прекинати, и дека заканите за продолжување на непријателствата нема да се остварат”, рече Лавров.