Лавров: САД не одговорија на предлогот на Путин

Лавров: САД не одговорија на предлогот на Путин

пред 3 часа

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денес изјави дека Москва не добила одговор од Соединетите Американски Држави на предлогот на рускиот претседател Владимир Путин за подготвеноста на Русија да плати една милијарда долари од замрзнатите руски средства на Мировниот комитет.

„Одвојуваме милијарда долари од нашите резерви замрзнати во САД, за што зборуваше претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин, за решавање на станбените прашања, изградба на социјални објекти, обнова на цивилната инфраструктура и решавање на сите оние прашања што ќе им овозможат на Палестинците да се вратат (во Газа)“, рече Лавров на тркалезната маса за амбасадори посветена на решавање на ситуацијата околу Украина.

Тој изјави дека американската страна била информирана за ова во посебна нота.

„Патем, засега нема одговор на нашата официјална нота, испратена по изјавата на Владимир Путин. Ги потсетивме неколку пати, но тие не реагираат“, додаде Лавров.

Неколку земји-членки на Мировниот комитет најавија финансиска, воена и хуманитарна поддршка за обновата на Газа и спроведувањето на планот од 20 точки, со посредство на Соединетите Американски Држави, вклучувајќи донации од Катар, Обединетите Арапски Емирати и Саудиска Арабија, како и распоредување војници и полиција во меѓународните сили за стабилизација, пренесува Танјуг.

Текстот Лавров: САД не одговорија на предлогот на Путин е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top