Лавров со порака до Европа: Русија нема да нападне никого, но ако биде нападната одговорот ќе биде разорен

Лавров со порака до Европа: Русија нема да нападне никого, но ако биде нападната одговорот ќе биде разорен

пред 4 часа

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров испрати порака до европските политичари, нагласувајќи дека одговорот на Русија на евентуален напад врз неа би бил разорен.

„За политичарите во Европа кои не разбираат, а на кои, се надевам, ќе им биде прикажано ова интервју, повторувам уште еднаш: нема потреба да се плашат дека Русија ќе нападне некого“, рече Лавров.

Потоа додаде: „Ако некој се осмели да ја нападне Русија, одговорот ќе биде разорен“.

Лавров потсети дека таковиот став јавно го искажал неколку пати рускиот претседател Владимир Путин.

Шефот на руската држава претходно објави дека во случај на напад со западно оружје со долг дострел длабоко на територијата на Руската Федерација, ќе следи одговор.

 

Текстот Лавров со порака до Европа: Русија нема да нападне никого, но ако биде нападната одговорот ќе биде разорен е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top