Лавров ја отфрли можноста за прекројување на границите на Балканот

пред 4 години

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров ја отфрли можноста за прекројување на границите на територијата на поранешна Југославија.

На заедничката прес-конференција по разговорите со српскиот колега Никола Селаковиќ, Лавров рече дека идејата за „Голема Албанија“ како форма на решавање на косовскиот проблем, како и изјавата на словенечкиот премиер Јанез Јанша дека распадот на Југославија уште не е завршен се неприфатливи, многу штетни и провокативни.

„Разговорите за голема Албанија не се појавија денес, ние секогаш ги повикуваме нашите партнери од ЕУ и НАТО да ги пресечат таквите планови и да не дозволат да се форсира таква реторика“, рече Лавров.

“Тоа е многу опасна игра. Постои Резолуција 1244, која не е укината, а одговорните политичари, особено шефовите на владите на европските земји, немаат право да презентираат идеи што го поткопуваат самиот концепт утврден во Резолуцијата 1244”, рече Лавров.

Тој потсети дека Резолуцијата го почитува суверенитетот на Србија, како и дека статусот на Косово треба да се најде во преговорите меѓу Белград и Приштина .

„Како што рече претседателот Путин, ние ќе го поддржиме секое решение што и одговара на Србија“, рече Лавров.

На прашањето дали Вашингтон врши притисок врз Србија да се приклучи кон санкциите против Русија, тој рече дека „секогаш има притисок“, но дека позицијата на Србија нема да се промени, бидејќи „никогаш нема да воведе санкции за Русија“, рече Селаковиќ

„Русија е наш стратешки партнер, наш пријател кој постојано не поддржува“, додаде Селаковиќ, кој денес ја завршува дводневната посета на Русија.

Share
Scroll to Top