Жителите на италијански град во близина на Рим денеска беа повикани да останат дома за да избегнат средба со лавот кој побегнал од локалниот циркус и по кој полицијата активно трага.
Алесандро Грандо, градоначалникот на Ладисполи, град со околу 40.000 жители, објави предупредување на социјалните мрежи, велејќи дека полицијата му помага на персоналот на циркусот во потрагата по животното.
„Лавот избега од циркусот“, напиша тој.
„Ве молиме да бидете многу внимателни и да избегнувате излегување до понатамошно известување“, предупреди.
Очекувајќи можни тужби, Грандо појасни дека не одобрил присуство на лавовски циркус во градот, но дека нема овластување да го спречи тоа.
Текстот Лав избега од циркус во близина на Рим, жителите на италијански град повикани да останат дома е превземен од МАКФАКС.