Латвија најави карантин по растот на нови случаи од коронавирус

пред 3 години

Латвија најави заклучување од 21 октомври до 15 ноември, во обид да го забави растот на инфекции со коронавирус во земјата.

Латвија е една од земјите со најмал број вакцинирани во однос на земјите од Европската Унија.

„Земјата е светски број еден по стапката на инфекции со коронавирус“, им рече министерот за здравство Даниелс Павлутс на новинарите по вонредниот состанок на владата, пренесуваат агенциите.

Продавниците, рестораните и училиштата ќе бидат затворени, а само основните услуги ќе им бидат достапни на луѓето, рече тој, додавајќи дека мерките од затворањето ќе бидат поблаги само за вакцинираните лица.

„Нашиот здравствен систем е во опасност“, рече премиерот Кристијанис Каринс, обвинувајќи ја за тоа ниската стапка на вакцинација во неговата земја и скокот на хоспитализации.

Share
Scroll to Top