Латвија ѝ подари на Украина 270 возила одземени од пијани возачи

Латвија ѝ подари на Украина 270 возила одземени од пијани возачи

пред 1 година

Латвија ѝ подари на Украина повеќе од 270 возила одземени од возачи под дејство на алкохол, пишува dpa.

Вкупната вредност на возилата е речиси еден милион евра, објави латвискиот портал „Делфи“.

Латвискиот парламент во февруари одлучи запленетите возила да ѝ бидат предадени на Украина бесплатно.

Поради руските воздушни напади и борби, многу цивилни возила во Украина се оштетени или уништени.

Текстот Латвија ѝ подари на Украина 270 возила одземени од пијани возачи е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top