Џонсон: Ова не е случајно третиот бран на Ковид-19 доаѓа кон Британија

пред 3 години

Британскиот премиер Борис Џонсон предупреди дека третиот бран на пандемијата со Ковид-19, што ја погоди Европа, може да се прелее во Велика Британија.

„Претходното искуство нè научи дека кога бранот ќе ги погоди нашите пријатели, се плашам дека ќе се прелее и на нашите брегови и очекуваме навреме да ги почувствуваме тие ефекти“, изјави Џонсон, пренесува Ројтерс.

Запрашан за ризикот по британската програма за вакцинирање откако Европската Унија се закани со забрана за извоз на вакцини во Велика Британија, тој рече дека не смета дека тоа ќе се случи.

„Убеден сум преку разговорите со партнерите во ЕУ во последните неколку месеци дека тие не сакаат да гледаат блокади. Мислам дека тоа е многу важно“, рече британскиот премиер, додавајќи дека Велика Британија ќе продолжи со својата програма за вакцинација.

Share
Scroll to Top