Лоибл: Невакцинираните во Австрија да плаќаат и до 100 евра месечно пандемиски данок

пред 2 години

Во расправата за најавената задолжителна вакцинација, која во Австрија треба да стапи на сила од февруари следната година, има се повеќе предлози за примена на мерка како пандемиски данок.

Потпретседателот на Лекарската комора на Долна Австрија, Герит Лоибл изјави дека може да замисли да се воведе пандемичен данок за невакцинираните во износ од 90 до 100 евра месечно.

До таа бројка дошол, објасни тој, земајќи го предвид данокот за тутун и навиките на пушачите.

Просечниот пушач секој месец плаќа сличен износ на државата, додаде тој.

Според него, данокот за пандемијата може да придонесе за зголемување на стапката на вакцинација.

Пред 5 дена во Австрија е воведено целосно затворање и за вакцинираните и за невакцинираните граѓани. Од февруари ќе биде воведена и задолжителна вакцинација, пишува Блумберг.

Одлучено е заклучувањето да трае до 12 декември за вакцинираните и излечените од Ковид-19, додека за невакцинираните заклучувањето ќе продолжи и по тој датум.

Австрискиот канцелар на прес-конференцијата рече дека овие мерки не се лесни, но дека е неопходно да се преземат вакви чекори поради лошата епидемиолошка состојба.

„Отсекогаш сум велел дека заедничка цел е да се вакцинираат невакцинираните, но и покрај интензивната кампања не успеавме да убедиме доволно луѓе во тоа. Мерките што ги донесовме, особено правилото 2G и карантинот за невакцинираните, ја зголемија подготвеноста за вакцинација, но не доволно добро“, рече Шаленберг.

Share
Scroll to Top