Српскиот министер за здравство, Златибор Лончар, вели дека во вториот квартал, наместо најавените половина милион, во Србија ќе пристигнат еден милион и двесте илјади вакцини на „Фајзер“.
Лончар најави дека Србија ќе им помогне на своите соседи кога станува збор за вакцините.
„Србија нема да гледа само на себе, туку и на сите околу нас, на пријателите, соседите“, рече Лончар.