Лукашенко: Белорусија се подготвува за војна, иако сака мир

Лукашенко: Белорусија се подготвува за војна, иако сака мир

пред 2 месеци

Белорускиот претседател Александар Лукашенко изјави дека Белорусија се подготвува за војна, иако, како што наведе, сака мир и не сака да се бори против ниту една земја.

Лукашенко изјави дека е вистинита изреката „Ако сакате мир, подгответе се за војна“ и дека не ја смислил тој, објави веб-страницата на белорускиот претседател.

Лукашенко нагласи дека Белорусија никому не му се заканува на ниеден начин и не сака туѓи територии. Лукашенко посочи дека во Белорусија се врши потребната обука на соодветните единици и дека војниците се снабдуваат со разни видови оружје и опрема.

 

Текстот Лукашенко: Белорусија се подготвува за војна, иако сака мир е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top