Лукашенко: Белорусија ќе купи оружје од Русија вредно милијарда долари

пред 3 години

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, објави дека неговата земја планира да купи оружје во вредност од повеќе од милијарда долари од Москва.

Лукашенко денеска присуствуваше на големата белоруско-руска воена вежба „Запад-2021“, која ќе трае до четврток на границата меѓу двете земји.

„Ова е една од најважните вежби за вооружените сили и тие се случуваат во време на хибридна агресија на Западот против Белорусија и Русија“, нагласи Лукашенко, пренесуваат локалните медиуми.

Според него, Белорусија планира да купи оружје од Русија во вредност од повеќе од милијарда долари, а во тек се преговори за испорака на противракетниот систем „С-400“.

Share
Scroll to Top