Украинци во ред чекаат за храна и други потреби во делот на Мариупол, кој е под руска контрола.
Иако бројните обиди да се создадат хуманитарни коридори и да се договорат за привремени прекини на огнот кои ќе им овозможат на Украинците да го напуштат Мариупол пропаднаа, дел од помошта и залихите пристигнаа вчера во делот на градот.
Повеќе од 100 луѓе трпеливо чекаа во редот за кутии со храна и добротворни цели кои се делат од камиони, објави „Ројтерс“.
Младата мајка на две деца, Ангелина, рече дека и дале леб и храна, додавајќи дека се чувствува среќна што стигнала до залихата на време.
„ Не секогаш дознаваш… а потоа пристигнуваш предоцна. Сега е тешко да се тргне со автобус. Се надеваме дека ќе се намали бројот на луѓе кои се обидуваат да излезат и дека ќе ни биде полесно да тргнеме“, додаде таа.