Мадуро тврди дека Трамп се обидел да ја уништи Венецуела и да го убие

пред 3 години

Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, истакна дека неговиот американски колега Доналд Трамп се обидел да ја уништи Венецуела и да го убие него за време на своето претседателствување, пренесува ТАСС.

„Главната цел на Доналд Трамп во последните четири години на власт беше Венецуела, да не уништи нас и мене. Тој неколку пати повика за мое убиство,” рече Мадуро за време на говорот во Каракас.

Тој верува дека Трамп во глобалната политика симболизира максимална омраза, насилство и агресија.

Политичката криза во Венецуела ескалираше на 23 јануари 2019 година, кога Хуан Гваидо, лидерот на опозицијата во Венецуела и претседател на парламентот, чие назначување на таа позиција беше поништено од Врховниот суд на земјата, се прогласи за привремен претседател на митингот во Каракас

Неколку земји, вклучувајќи ги САД, повеќето од земјите на ЕУ, членките на групата Лима (со исклучок на Мексико), Австралија, Албанија, Грузија и Израел, како и Организацијата на американски држави, го признаа за претседател.

Мадуро, за возврат, го оцени овој потег како државен удар што го организираше Вашингтон и рече дека ги прекинува дипломатските врски со САД. Русија, Белорусија, Боливија, Иран, Куба, Никарагва, Салвадор, Сирија и Турција изразија поддршка за Мадуро.

Share
Scroll to Top