Маж со наполнет пиштол успеал да се качи во авион на летот од Барбадос до Мајами

пред 3 години

Маж со наполнет пиштол во џебот успеал да се качи во авион на летот од Барбадос до Мајами, Флорида, објавија американските медиуми.

Патникот имал оружје во кое имало пет куршуми за време на целиот лет, кој траел четири часа, наведува NBC6.

На аеродромот во Мајами, Агенцијата за безбедност на сообраќајот на САД, го пронашла пиштолот меѓу личните работи а патникот.

Според NBC6, патникот и признал на американската полиција дека имал оружје кога се качил во Бриџтаун, главниот град на Барбадос. Полицијата го привела, а судијата го обвинил за прикривање оружје, за што може да добие пет години затвор на Флорида.

Патникот изјавил дека не е виновен и дека мора повторно да се појави на суд во средината на декември. Премиерката на Барбадос, Миа Мотли, во петокот рече дека побарала „итен извештај“ за настанот, ветувајќи дека лицето или лицата кои дозволиле инцидентот да се случи ќе одговараат.

„Последиците за нашата земја се тешки и огромни“, додаде таа. Ова е голем пропуст за Соединетите држави, кои се обидуваат да ја обезбедат својата граница што е можно повеќе, особено на аеродромите, по нападите на 11 септември 2001 година.

Share
Scroll to Top