Францускиот претседател Емануел Макрон денеска ја повика Европа да ја пронајде храброста на своите основачи и да се спротивстави на повторното јакнење на национализмот.
Во говор во Мец, во присуство на папата Лав XIV, Макрон рече дека Европа треба да биде сила на мирот, независноста и демократијата и да не потклекнува на изолационизмот и омразата кон другите.
Тој истакна дека европскиот проект е изграден врз грчко-римското и јудео-христијанското наследство, француско-германското помирување и демократските вредности по Втората светска војна. Според Макрон, вистинскиот суверенитет бара поголема безбедност и заштита на европските вредности.
„Мирот не се прогласува, туку трпеливо се гради“, порача францускиот претседател.
Текстот Макрон: Европа мора да се спротивстави на враќањето на национализмот е превземен од МАКФАКС.




