Францускиот претседател Емануел Макрон е позитивен на присуството на коронавирус. Елисејската палата објави дека Макрон бил тестиран веднаш штом му се појавиле првите симптоми.
Францускиот претседател сега е во самоизолација од каде што ќе продолжи да ги извршува своите должности, објавија од неговиот кабинет.
BREAKING – French President Macron tested positive for #COVID19.
— Disclose.tv ? (@disclosetv) December 17, 2020
Макрон е последниот во низата светски лидери кои имале Ковид-19.
Пред него коронавирус имаа британскиот премиер Борис Џонсон и претседателот на САД, Доналд Трамп