Макрон по убиството на полицајка во Париз: Франција одново е жртва на терористички напад

пред 3 години

Убиството на полицajката во предградие на Париз беше напад врз Франција, изјави денеска премиерот на таа земја, Жан Кастекс.

„Уште еднаш, нашата република е нападната. Уште еднаш, на Франција и е упатена закана. Нема да дозволиме ова да помине туку така“, порача Кастекс пред новинарите во градот Тулуз, пренесува „Ројтерс“.

Полициска службеничка беше избодена до смрт во петокот кога еден напаѓач влегол во полициската станица во областа Рамбује.

Претседателот Емануел Макрон изјави дека Франција повторно е жртва на терористички напад.

Напаѓачот е од туниска националност, кој живеел во Франција, а бил убиен од полицијата.

Француското обвинителство за борба против тероризам објави дека ќе спроведе истрага бидејќи изгледа дека напаѓачот претходно добро го набљудувал местото поради сè што рекол за време на нападот.

Судски извор запознат со истрагата изјавил дека напаѓачот извикувал „Алаху Акбар“ на арапск, а на француски „Бог е најголем“.

Share
Scroll to Top