Макрон: Франција не води војна на Блискиот Исток

Макрон: Франција не води војна на Блискиот Исток

пред 8 часа

Францускиот претседател Емануел Макрон ѝ порача на јавноста дека Франција „не води војна“ на Блискиот Исток, и покрај тоа што испраќа воено засилување во регионот, вклучувајќи го и носачот на авиони Шарл де Гол, и дека го прави тоа за да ги заштити своите граѓани и сојузници погодени од иранската одмазда.

„Ние не сме во војна. Франција не води војна на Блискиот Исток и нема да се вклучи таму. Многу добро ги разбирам и ги слушам вашите загрижености, но сакав да бидам многу јасен. Ги штити Французите, своите сојузници, и стои покрај Либан“, одговори Макрон на Инстаграм, пренесува Фигаро.

Францускиот претседател додаде дека се испраќаат воени сили за „пресретнување беспилотни летала и ракети“ и обезбедување поморски сообраќај, и дека сите операции се спроведуваат „на сосема мирен начин“.

Во вторникот, Макрон објави дека работи на формирање коалиција за заштита на клучните морски патишта неопходни за глобалната економија, нагласувајќи дека Франција се обидува да дејствува што е можно поразумно и смирено во согласност со својата улога во регионот, пренесува Танјуг.

Текстот Макрон: Франција не води војна на Блискиот Исток е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top