Макрон: Франција се уште е подготвена да испрати тешко оружје во Украина

пред 2 години

Франција ќе остане подготвена да одговори на сите потреби на Украина, вклучително и тешкото оружје, изјави францускиот претседател Емануел Макрон во разговор со неговиот украински колега Володимир Зеленски.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Според Елисејската палата, Макрон бил заинтересиран за најновите случувања на теренот, како и за потребите на Украина во однос на воена опрема, политичка и финансиска поддршка и хуманитарна помош.

Францускиот претседател Емануел Макрон во разговор со неговиот украински колега Володимир Зеленски рече дека неговата земја ќе остане подготвена да одговори на сите потреби на Украина, вклучително и тешкото оружје, пренесе Танјуг.

Share
Scroll to Top