Францускиот претседател Емануел Макрон изјави денеска дека француското нуклеарно оружје треба да биде една од темите на дебатата за европскиот одбранбен систем.
Оваа изјава на Макрон, како што јави Ројтерс, предизвика критики од неговите политички противници пред јунските избори за Европскиот парламент.
Во разговор со уредниците на неколку француски регионални медиумски куќи, Макрон, објаснувајќи ја својата визија за „поодлучна ЕУ на глобалната сцена“, го изрази својот страв дека „Европа може да умре“.
Текстот Макрон: Француското нуклеарно оружје е можна тема во дебатата за одбранбениот систем на ЕУ е превземен од МАКФАКС.