Марија Захарова: Киев се подготвува за воено решение на конфликтот во Донбас

пред 2 години

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захаров денеска изјави дека Украина се подготвува за воено решение на конфликтот во Донбас.

„Наместо да стави крај на осумгодишната граѓанска војна, се чини дека Киев се подготвува за воено решение на проблемот со Донбас, како што го нарекуваат“, рече Захарова, пренесува РИА Новости.

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова потсети дека Киев го зголемил воениот буџет за следната година за 20 отсто – на речиси 12 милијарди долари и дека, според украинскиот министер за одбрана Алексеј Резников, има намера да купи не само одбранбено, туку и офанзивно оружје од Запад.

Share
Scroll to Top