Масакр во Мјанмар – убиени и жени и деца

пред 3 години

Повеќе од 30 луѓе, меѓу кои и жени и деца, биле убиени, а нивните тела изгореле во воената држава Кајаха во Мјанмар, кажаа локалните жители, а го потврдија и медиумите и локалните здруженија за заштита на човековите права.

Групата за човекови права Карени објави дека ги пронашла изгорените тела на внатрешно раселените лица, вклучително и старци, жени и деца, кои беа убиени од војската на Мјанмар, во близина на селото Мо Со.

„ Силно ги осудуваме нехуманите и брутални убиства“, напиша групата во објавата на Фејсбук.

Армијата на Мјанмар соопшти дека убила неодреден број вооружени терористи од опозициските вооружени сили во селото, објавија државните медиуми.

„ Тие беа во седум возила и не застанаа поради војската“, велат тие.

Share
Scroll to Top