Елон Маск повторно ја изненади јавноста со идеја осудениците да не одат во затвор, туку да бидат следени од роботот Оптимус како похуман начин“да се спречат нови злосторства. На состанок на акционерите на Тесла, тој предложи секој криминалец да добие робот кој ќе го следи и ќе го спречува да прави криминал.
Идејата отвори бројни недоразјаснети прашања: како би функционирале роботите во спречување на криминал, кој би го финансирал системот и кои се етичките ризици од заменување на затворите со роботска контрола.
Иако изјавата може да звучи како импровизација, аналитичарите потсетуваат дека Маск има огромно влијание и дека неговите зборови се значајни. Порталот „Електрек“ додава дека акционерите на Тесла всушност го зголемиле неговото богатство и моќ на сопствена штета.
Текстот Маск предлага криминалците да ги следат роботи наместо да одат во затвор е превземен од МАКФАКС.






