Извршниот директор на „Тесла“, Илон Маск, на Економскиот форум во Катар изјави дека има уште неколку нерешени прашања во врска со „Твитер“, и дека уште чека информации за тоа колку ботови има на платформата на таа социјална мрежа.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
Во интервју за „Блумберг“ на економскиот форум во Доха, Маск рече дека не мисли дека ќе има некакви проблеми во балансирањето на интересите на „Тесла“ во Кина и идното купување на „Твитер“.
„’Твитер’ не работи во таа земја, а Кина не се обидува да се меша во слободата на говорот во американските медиуми, колку што знам“, рече тој.
Маск ја пофали и работата на кинеските компании.
„Многу сум импресиониран од автомобилските компании во Кина, од компаниите во Кина воопшто. Мислам дека се исклучително конкурентни, вредни и паметни“, нагласи директорот на „Тесла“.