Мајка во одмазничка мисија: Фаќала членови на картел кои ја убиле нејзината ќерка

пред 3 години

Мајка од Мексико три години трагала по убијците на нејзината ќерка за да им се одмазди. Миријам Родригез не престанала да бара одговори откако исчезнала нејзината 20-годишна ќерка Карен Алехандра Салинас Родригез. Тие била киднапирана, а од мајката биле барани пари за нејзино ослободување.

Карен никогаш не се врати кај нејзината мајка, а во 2014 година нејзиното тело било пронајдено на напуштен ранч во Мексико.

„Њујорк Тајмс“ ја објави нејзината неверојатна приказна за тоа како тргнала во опасна мисија за да ја одмазди својата ќерка. Таа најпрво почнала да испитува кој е виновен и одговорен за нејзината смрт.

На самиот почеток на нејзината мисија, таа дошла кај член на една локална банда и го молела да ја пушти ќерка и. Тој и рекол дека картелот ја нема нејзината ќерка, но се понудил да и помогне во потрагата, барајќи пари за тоа. Миријам раскажала дека во таа прилика платила, а потоа за време на разговор со него слушнала име кое некој го изговорил преку радио врска – Сама.

Таа веднаш започнала со пребарување на социјалните мрежи. По некое време, го пронашла профилот на некој што го препознала, а го имал тоа име. Таа ја открила неговата локација. Тоа било продавница за сладолед на два часа од местото каде што живеела.

56-годишната жена тогаш поминал неколку недели чекајќи пред продавницата сè додека не се појавил Сама. Го следела до неговата куќа и се преправила дека е официјален изборен претставник додека разговарала со соседите за да дознае повеќе детали за него.

Миријам потоа тргнала да ги испита другите лица кои биле вмешани во смртта на нејзината ќерка, што ја натерало да го смени својот изглед. Се преправала дека е некој друг, имала лажни лични карти, носела пиштол…

Сето ова било со цел за да се прибилижи до членовите на картелот Зета. Таа отишла дотаму што ги запознала нивните семејства и се обидела преку нив да дојде до потребните адреси.

Успеала да лоцира маж и го пречекала на улица каде му ставила пиштол на челото и му се заканила дека ќе го убие доколку се помрдна. Иако некои членови на картелот се оддалечиле од криминалот и започнале нормален живот, Миријам ги запишувала сите имиња и ги предавала во полиција. Вкупно, таа помогнала во апсење на околу 10 члена на картелот Зета.

Но, еден ден платила висока цена за сето тоа. На Денот на мајката 2017 година, била застрелана 12 пати пред нејзиниот праг. Таа била застрелана од еден од луѓето за кои се сомневала дека има врска со смртта на нејзината ќерка.

На крајот, постхумно била наградена со бронзена плакета од нејзиниот град Сан Фернандо во чест на нејзината мисија како инспирација на многумина и поттил во борбата против организираниот криминал.

Share
Scroll to Top