Мајк Помпео стана соработник на „Фокс њуз“, води емисија за геополитика

пред 4 години

Поранешниот шеф на дипломатијата во администрацијата на Доналд Трамп, Мајк Помпео е ангажиран како соработник на „Фокс њуз“, објави информативниот канал, омилен меѓу конзервативците во САД.

„Имам намера да им овозможам на гледачите искрен и директен поглед на геополитиката, меѓународните односи и програмата (на поранешниот претседател Трамп) „Прво Америка“, што го отвори патот за просперитет и безбедност во САД без преседан“, рече Помпео во изјава.

Извршната директорка на „Фокс њуз“, Сузан Скот изјави дека поранешниот државен секретар е еден од најпознатите и најценетите соговорници во САД кога станува збор за надворешната и безбедносната политика.

Помпео беше државен секретар од април 2018 година до минатиот јануари, а претходно беше шеф на Централната разузнавачка агенција (ЦИА).

Некои во САД веруваат дека Помпео има планови и за Белата куќа, на претседателските избори во 2024 година.

Share
Scroll to Top