Медведев за Украинците: „Ги мразам, ќе направам се за да исчезнат“

пред 3 години

Поранешниот руски претседател, еден од најблиските сојузници на Путин и заменик-претседател на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, го објави својот нов статус на Телеграм, пренесуваат медиумите во регионот.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

„Често ме прашуваат зошто моите објави на Телеграм се толку жестоки. Одговорот е дека ги мразам. Тие се гадови и дегенерици. Тие сакаат смрт за нас, Русија. И додека сум жив, ќе направам се за да исчезнат“, напиша Медведев, мислејќи на Украина и Украинците, пренесуваат медиумите.

Истите анализираат дека Медведев неодамна сериозно му се закани на светот.

„Можна е голема логистичка криза, вклучително и колапс на странски авиокомпании, на кои им беше забрането да летаат над руска територија“, кажал Медведев. „Енергетската криза ќе се засили во оние земји кои наметнаа пукање во сопствените нозе, односно санкции за снабдување со руски енергенси. Цените на фосилните горива ќе продолжат да растат, а развојот на дигиталната економија во светот ќе забави. Ќе има целосна меѓународна криза со храна со изгледи за гладување во некои земји“, додал тој.

Тој вели дека ќе бидат погодени многу сфери на животот во целина.

„Ќе избијат нови регионални воени конфликти на места каде што ситуацијата со години не е решена мирно или се занемаруваат значајните интереси на главните меѓународни играчи. Терористите стануваат поактивни, верувајќи дека вниманието на западните власти сега е пренасочено кон пресметка со Русија“, напишал тој.

Заменик-шефот на Советот за безбедност на Руската Федерација, исто така, ја најавил и веројатноста за нови епидемии „предизвикани од одбивањето на фер меѓународна соработка во санитарната и епидемиолошката сфера или директните последици од употребата на биолошко оружје“, јавуваат агенциите. Зборувајќи за последиците од санкциите врз меѓународната соработка, Медведев кажал дека ќе има пад на активностите на меѓународните институции кои не успеале да ја докажат својата ефикасност во решавањето на ситуацијата во Украина. Како пример го навел Советот на Европа.

Ќе се создадат нови меѓународни сојузи на земји засновани на прагматични, а не идеолошки англосаксонски критериуми“, заклучил политичарот, пренесува Индекс.

Share
Scroll to Top