За зајакнувањето на присуството на силите на НАТО на границата со Русија повеќе не може да се разговара фигуративно, а Москва треба да биде подготвена за можни агресивни дејствија, изјави денеска заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, пренесува ТАС С.
Минатата недела Медведев го предупреди НАТО дека доколку Шведска и Финска се приклучат на воената алијанса предводена од САД, ќе распоредат нуклеарно оружје и хиперсонични ракети во Калининград, кој се наоѓа меѓу Полска и Литванија, пренесува Ројтерс.