Меркел: ЕУ е подготвена да ги продолжи преговорите со Велика Британија

пред 4 години

Германската канцеларка Ангела Меркел вели дека ЕУ е подготвена да ги продолжи преговорите со Велика Британија за нивните односи по Брегзит, пренесува „Ројтерс“.

Изјавата на германската канцеларка следуваше откако британскиот премиер Борис Џонсон им порача на британските компании да се подготват за Брегзит без договор.

„Видовме светлина во последните неколку дена, но и сенки“, рече Меркел на прес-конференција по состанокот на лидерите на ЕУ во Брисел.

Времето притиска и би било добро и за двете страни да постигнат договор, но не по секоја цена, додаде германската канцеларка.

Share
Scroll to Top