Меркел со апел до Германците: Ве молам, останете дома

пред 4 години

Германската канлецарка Ангела Меркел апелираше до Германците поради коронавирусот да ги редуцираат средбите со други луѓе и да не патуваат ако не е неопходно. Таа во видео обраќање упати повик до граѓаните да придинесат за сузбивање на пандемијата.

„Сега мораме да преземеме сѐ за да спречиме неконтролирано ширење на коронавирусот. Пресуден е секој ден.Ве молам, откажете се од секое патување ако тоа не е вистински неопходно, од секоја прослава, која не е вистински нужна. Ве молам, останете дома, во своето место, секогаш кога е тоа можно”, рече таа.

Германија, според Меркел, се наоѓа во исклучително сериозна фаза, од ден во ден расте бројот на нови инфекции.

„Каква ќе биде зимата, како ќе изгледа нашиот Божик, ќе решиме ние самите во наредните денови и месеци. Одлуката ќе ја донесеме преку нашето однесување”, истакна Меркел.

Share
Scroll to Top