Мерките во Бугарија даваат резултати, се намалува бројот на новозаразени

пред 3 години

Мерките против пандемијата што се на сила во Бугарија дадоа резултати, а во моментов нема региони што се наоѓаат во црвената зона, рече кризниот штаб на состанокот на кој присуствуваа премиерот Бојко Борисов и членовите на Националната работна група за вакцинација.

Со мерките е постигнато она кон кое целиме, а тоа е да се намали бројот на новозаболени и починати од Ковид-19, посочи Борисов и додаде дека се зголемува и бројот на пациенти излекувани, пренесува БТА.

Министерот за здравство, Костадин Ангелов, рече дека стапката на смртност од последици на инфекција со коронавирус исто така постојано се намалува, како и дека се намалува зафатеноста на болниците наменети за лекување на ковид-пациенти.

Националната работна група за вакцинација наведува дека сè е подготвено за вакцинација против Ковид-19.

„Секој што прима вакцина ќе добие сертификат што ќе може да го користи за време на патување или за други цели“, наведуваат тие.

Share
Scroll to Top