Мерц: Повлекувањето на американските трупи од Германија не е поврзано со спорот со Трамп

Мерц: Повлекувањето на американските трупи од Германија не е поврзано со спорот со Трамп

пред 1 час

Германскиот канцелар Фридрих Мерц отфрли дека најавеното повлекување на најмалку 5.000 американски војници од Германија е поврзано со неговиот неодамнешен спор со Доналд Трамп.

„Нема никаква врска меѓу намалувањето на бројот на војници и нашиот конфликт“, изјави Мерц за германската телевизија АРД.

И покрај тензиите, тој порача дека САД остануваат најважен партнер на Германија во рамки на НАТО.

Во меѓувреме, според медиумските извештаи, високи претставници на НАТО не биле однапред информирани за американската одлука, а дел од аналитичарите предупредуваат дека повлекувањето може да им наштети и на американските стратешки интереси.

Текстот Мерц: Повлекувањето на американските трупи од Германија не е поврзано со спорот со Трамп е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top