Меѓу потписниците и Македонија: 22 држави бараат Иран да ги прекине нападите во странство

Меѓу потписниците и Македонија: 22 држави бараат Иран да ги прекине нападите во странство

пред 8 часа

Вкупно 22 држави, вклучително САД, Австралија и повеќето европски нации, како и Македонија, упатија остра порака до Техеран, барајќи итно прекинување на нападите врз поединци на нивна територија.

Во заедничката изјава, потписничките ги осудија иранските разузнавачки служби за ангажирање на меѓународни криминални групи за спроведување атентати, киднапирања и застрашувања низ Европа, Северна Америка и Австралија.

„Односот помеѓу иранските безбедносни служби и меѓународните и локалните криминални групи е долгогодишен. Нивното користење на овие групи е за жалење. Исто така, ја осудуваме неодамнешната кампања на напади низ Европа насочени кон еврејските заедници, иранските новинари и интересите на САД, за кои одговорност презеде групата Harakat Ashab al-Yamin al-Islamiya, поддржана од нивни посредници. Обидите за убиство, киднапирање, вознемирување, заплашување или какви било други напади врз луѓе на наша почва го поткопуваат националниот суверенитет и меѓународните норми. Овие акции мора веднаш да престанат. Ја пофалуваме работата на земјите во спротивставувањето на овие активности и заеднички сме решени да преземеме понатамошни мерки за нивно запирање“, објави Стејт Департментот.

Австралија целосно ги прекина дипломатските односи со Иран, го протера иранскиот амбасадор и ја затвори својата амбасада во Техеран. Ова следи по обвинувањата дека иранските власти директно ги координирале нападите врз синагога во Мелбурн и кошер-кафуле во Сиднеј.

Заедничката изјава ја потпишаа: Северна Македонија, Албанија, Австралија, Белгија, Велика Британија, Бугарија, Канада, Чешка, Данска, Естонија, Франција, Финска, Германија, Ирска, Латвија, Литванија, Холандија, Нов Зеланд, Норвешка, Португалија, Шведска и САД.

Текстот Меѓу потписниците и Македонија: 22 држави бараат Иран да ги прекине нападите во странство е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top