Милорад Додик примен во болница

пред 3 години

Српскиот член и претседател на Претседателството на БиХ, Милорад Додик, e примен во Универзитетскиот клинички центар на Република Српска. Во моментот нема подетаљни информации за неговата здравствена состојба, пренесува „Српскаинфо“.

Во саботата канцеларијата на Додик објави дека тој бил во изолација поради контакт со лице што било позитивно на коронавирус. По тестирањето, Додик беше негативен.

Share
Scroll to Top