Министерката за надворешни работи на Словенија итно примена во болница

Министерката за надворешни работи на Словенија итно примена во болница

пред 11 месеци

Министерката за надворешни работи на Словенија, Тања Фајон, се лекува во љубљанската болница поради сомнително воспаление на бубрезите, дознава СТА од МНР.

Таа се чувствува добро, а се очекува да остане во болница неколку дена, пренесува оваа агенција.

Тања Фајон, поради лоша состојба, е хоспитализирана во неделата попладне по враќањето од Њујорк, каде што во петокот присуствуваше на седниците на Генералното собрание на ОН и на Советот за безбедност на ОН по повод втората годишнина од руската агресија врз Украина.

Текстот Министерката за надворешни работи на Словенија итно примена во болница е превземен од МАКФАКС.