Сестрата на Ким ја критикуваше јужнокорејската министерка: Нема да ѝ заборавиме и таа ќе мора да сноси последици

пред 3 години

Ким Јо Џонг, сестра на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, остро ја критикуваше министерката за надворешни работи на Јужна Кореја, која се сомневаше во извештаите испратени од Пјонгјанг, каде што се наведува дека нема случај на коронавирус, притоа предупредувајќи на потенцијалните последици од таквите коментари.

Јужнокорејската министерка Канг Кјунг-ва рече дека е тешко да се поверува дека Северна Кореја нема жаришта на коронавирус на својата територија, додавајќи дека северните соседи не одговориле на прашањето за заедничка соработка во борбата против пандемијата, објави АП.

Ким Јо Џонг одговори преку државните медиуми.

„Од нејзините непромислени изјави, без размислување за последиците, се добива впечаток дека сака да ги замрзне веќе студените односи меѓу Северна и Јужна Кореја. Нејзината намера е многу јасна. Нема да ги заборавиме нејзините зборови и можеби ќе мора да сноси последици поради тоа“, изјави сестрата на првиот човек на Северна Кореја.

Јужнокорејската министерка за надворешни работи на форумот во Бахреин рече дека „пандемијата ја направи уште позатворена земјата, во која нема дискусија за тоа како да се бориме против Ковид-19“.

„Тие сè уште тврдат дека немаат случаи, тешко е да се поверува. Сите сигнали укажуваат дека режимот интензивно се бори за контрола на вирусот, за кој рекоа дека го немаат“, додаде министерката.

Share
Scroll to Top