Министрите за надворешни работи на Групата седум (Г7) ќе одржат виртуелен состанок за да разговараат за ситуацијата во Украина, соопшти јапонското Министерство за надворешни работи.
Во соопштението се наведува дека Јапонија ќе ја претставува министерот за надворешни работи Јошимаса Хајаши.
Покрај разговорите за ситуацијата во Украина, министрите ќе разменат мислења и за понатамошните процедури и чекори за зајакнување на соработката во рамките на Г7, пренесе ТАС.