Москва: Во Украина има специјална воена операција, а не војна

пред 2 години

Во Украина е започната специјална воена операција во Донбас и тие настани не можат да се наречат војна, изјави постојаниот руски претставник во ОН, Василиј Небензја, за време на итната седница на Советот за безбедност на ОН, одржана денеска.

„Не спроведуваме агресија против украинскиот народ, туку против хунтата која ја презеде власта во Киев“, изјави Небензја пред крајот на итната седница на Советот за безбедност на ОН, што ја иницира Украина, пренесува РИА Новости.

Небензја му одговори на украинскиот колега Сергеј Кислица, кој претходно го повика да побара од Кремљ, како што рече, „да ја запре агресијата“ врз Украина.

Share
Scroll to Top