Москва: Нападнати четири украински брода и пристаништето Чорноморск

Москва: Нападнати четири украински брода и пристаништето Чорноморск

пред 13 часа

Руското Министерство за одбрана соопшти дека неговите сили нападнале четири украински брода – три во пристаништето Миколаив и еден во Црното Море во близина на Одеса, тврдејќи дека биле користени за потребите на украинската војска, пренесува „Ројтерс“.

Москва соопшти и дека бил нападнат контејнерски терминал во пристаништето Чорноморск, како и складиште во кое, според руските тврдења, имало беспилотни летала и нивни компоненти.

Ројтерс наведува дека не можел независно да ги потврди овие тврдења.

Текстот Москва: Нападнати четири украински брода и пристаништето Чорноморск е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top