Министерката за надворешни работи на Велика Британија, Лиз Трас, денеска посочи дека тврдењата на Русија oти не планира да ја нападне Украина се лажни и дека Британија и нејзините сојузници се решени скапо да ѝ наплатат на Москва доколку преземе понатамошни дејствија.
Преку споделување на твит од „Вашингтон пост“ за американската проценка на руските планови, Трас нагласува дека сериозноста на намерите на Русија да се заканува и наштетува се кристално јасни, пренесе агенцијата „Ројтерс“.
The depths of Russian attempts to subvert and threaten Ukraine are clear.
Russia’s actions show their claims to have no plans to invade are false.
We and our allies stand united in support for Ukraine and our resolve to raise the cost to Russia if they take further action. https://t.co/wsIcVoMLkl
— Liz Truss (@trussliz) February 6, 2022
„Руските акции покажуваат дека нивните тврдења оти не планираат да ја нападнат Украина се лажни. Ние и нашите сојузници стоиме обединети во поддршката на Украина. Одлучни сме скапо да ѝ наплатиме на Русија доколку преземе дополнителни чекори“, наведува Трас.