Москва ја отфрли одлуката на судот на ОН за итно прекинување на инвазијата на Украина

пред 3 години

Кремљ денеска ја отфрли пресудата на Меѓународниот суд на правдата (МСП), највисокиот суд на ОН, со која се наложува на Русија веднаш да ги прекине воените операции во Украина.

„Не можеме да ја земеме предвид оваа одлука“, рече портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, нагласувајќи дека двете страни, Русија и Украина, мора да се согласат со одлуката за да може да се спроведе.

„Во овој случај нема согласност“, рече Песков.

Постапката пред МСП беше покрената од Украина на 26 февруари, два дена по почетокот на рускиот напад, барајќи од судот да и нареди на Москва да ја запре инвазијата. Киев во средата ја поздрави одлуката на судот како „победа на правдата и победа на Украина“.

МСП е основан во 1946 година за да ги решава споровите меѓу државите. Неговите одлуки се обврзувачки и не може да се обжалат, но судот не може да присили да се почитуваат.

Русија ги бојкотираше рочоштата на 7 и 8 март, но во писмен документ ја отфрли судската одлука. Во тој документ исто така тврди дека инвазијата ја врши заради самоодбрана.

Share
Scroll to Top