Мутацијата на коронавирусот во Италија циркулирала од август

пред 4 години

Во Италија се појави веста дека мутацијата на коронавирусот е присутна во таа земја многу порано отколку што беше откриена британската верзија, како и дека нов вид на вирус откриен во Бреша е во оптек од август.

Ова го потврди претседателот на италијанската асоцијација на вирусолози, Арналдо Карузо, доцент по микробиологија и клиничка микробиологија на Универзитетот во Бреша. Тој прецизираше дека ова не е прва мутација на коронавирусот, но се разликува од другите по карактеристиките на спајк-протеинот што се приврзува на човечките клетки.

„Како и англиската варијанта, и оваа италијанска мутираше во позиција 501, односно нервниот центар кој помага во интеракцијата помеѓу протеинот и клеточниот рецептор.Единствената разлика од британската е во тоа што оваа италијанска варијанта има мутација во позиција 493, такашто спајк-протеинот е за нијанса различен од оној што го откривме. Не знаеме со сигурност дали англиската варијанта потекнува од крајот на септември, но знаеме дека италијанската е создадена прва затоа што ја идентификувавме уште во август“, рече професорот Карузо.

Share
Scroll to Top