Осудениот руски опозициски лидер Алексеј Навални изјави дека пристигнал во затворот лоциран во Арктичкиот круг, на северот на Урал и дека се чувствува добро.
Тоа беше објавено на неговата платформа Х (Твитер) по повеќе од две недели откако ништо не се знаеше за него, објави Ројтерс. Тој кажа и дека го посетил адвокат.
Неговите соработници биле загрижени затоа што тој не бил на списокот на затвореници во Владимирската област, 300 километри источно од Москва, каде што првично издржувал 30-годишна затворска казна.
Харпа, каде што Навални ја отслужува казната, се наоѓа на 1.900 километри од Москва.
Текстот Навални се огласи за прв пат откако се премести на северот на Урал, се чувствува добро е превземен од МАКФАКС.






